Манчестер Јунајтед го бара Тимо Вернер, навивачите се разочарани…

Ерик тен Хаг инсистира на ангажман на нов голгетер во јануарскиот преоден рок, но Манчестер Јунајтед нема да има преголем буџет за засилувања среде сезона, па „црвените ѓаволи“ се принудени на импровизација на пазарот. Сепак, навивачите останаа во шок по последните информации дека високо на листата со желби на нивниот клуб се наоѓа Тимо Вернер, германскиот голгетер кој важеше за огромно трансфер-промашување на Челси.

Информацијата прв ја објави германскиот фудбалски новинар Флоријан Плетенберг кој важи за добро упатен кога станува збор за најдобрите клубови во оваа земја и нивните асови. Според Плетенберг, Јунајтед веќе стапил во контакт со Лајпциг околу можноста да го позајми Вернер до крајот на сезонава, а двата тима покажале подготвеност разговорите на оваа тема да продолжат и во наредниот период.

Навивачите се разочарани бидејќи се надеваа на далеку подобра опција ако се знае дека Вернер дојде како големо засилување во Челси, постигна само 10 гола на 56 средби на „сините“ и потоа за двојно пониска цена беше вратен назад во Лајпциг. Згора на тоа, тој сезонава го загуби првотимскиот статус и најчесто времето го минува на клупата за резерви, поради што и Лајпциг е подготвен да се ослободи од него пуштајќи го најпрвин на позајмица, а потоа и на перманентен трансфер.

Се вчитува...