Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е подготвен да плати 60 милиони евра за ангажман на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, ја следеше во живо неговата игра во дресот на хрватската фудбалска репрезентација и сака да го купи пред носот на Антонио Конте, стратегот на Челси, кој исто така е заинтересиран за неговите услуги.
Интер мора да продаде дел од фудбалерите до 30 јуни за да го исполни финансискиот фер-плеј, со оглед дека има големи планови и за следната сезона. „Нероаѕурите“ сакаат да ги доведат Доменико Бернарди од Сасуоло и Федерико Бернардески од Фиорентина, и за тоа ќе ги употребат парите од продажбата на Перишиќ.
Интер е заинтересиран и за Хамес Родригез, Алексис Санчез и за Марко Верати, а италијанските медиуми објавија дека веќе е постигнат договор со Рома за трансферот на дефанзивецот Костас Манолас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА