Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се обидува да го засили тимот во последните два дена од преодниот рок во Премиер – лигата. Раководството на „црвените ѓаволи“ оствари контакт со шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте кој е слободен агент откако му истече договорот со Тотенхем.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер во него гледа замена за Белгиецот Ромелу Лукаку кој речиси сигурно заминува од „Олд Трафорд“. Тој и го напушти тренинг – кампот на Јунајтед и одржа тренинг со Андерлехт, чекајќи го развојот на настаните за трансфер. Во опција се Јувентус и Интер.
Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста и за ангажман на Данецот Кристијан Ериксен од Тотенхем како засилување за средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА