Јунајтед го одби Реал, рекордните 60 милиони фунти не се доволни за Де Хеа

Тригодишната сапуница околу иднината на Давид Де Хеа најверојатно ќе заврши како што почна, со неуспех. Јунајтед одби 60 милиони фунти од Реал Мадрид, а Жозе Мурињо одлучи да не го продава својот најдобар голман.

Пласманот во Лигата на шампионите како да ги засили „ѓаволите“ и ги потсети дека тие и натаму се гиганти, со новите засилувања сметаат дека ќе бидат повторно на врвот во Англија и Европа, па наместо да бараат замена за шпанскиот чувар на мрежата, тие одлучија да го задржат.

Рекордниот трансфер на Буфон од Парма во Јувентус и натаму останува како најголема сума за платена за голман, но Де Хеа јасно кажа дека еден ден сака да застане меѓу диреците на „Сантијаго Бернабеу“, што значи дека кога тогаш големиот Џиџи Буфон ќе биде симнат од тронот.

Иако 26-годишниот голман не бранеше во финалето во Лигата на Европа против Ајакс, тој и натаму е прв избор кај Мурињо. Де Хеа се надеваше на преселба во Реал Мадрид, но оваа конечна одлука на неговиот менаџер, му ги руши сите соништа да го носи „кралскиот“ дрес. Или можеби Реал нема така лесно да се откаже…

Се вчитува...