Jунајтед го одигра најдобриот меч под Аморим, победа и на Челси (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го одигра најдобриот натпревар сезонава во дебито на Рубен Аморим на „Олд трафорд“ во премиерлигата откако денеска во 13. коло славеше против Евертон со убедливи 4-0.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со голот на Маркус Рашфорд во 34. минута. До крајот на првиот дел беше 2-0 откако прецизно стрелаше Зиркзе. Маркус Рашфорд со својот втор гол зголеми на 3-0 во 46. минута, додека Зиркзе исто така со својот втор гол ги постави конечните 4-0 во 64. минута.

Manchester United [4] – 0 Everton – Joshua Zirkzee 64‎'‎
byu/Rudigaa insoccer

До победа стигна и Челси кој славеше на домашен терен со 3-0 против Астон Вила. Стрелци за домаќините беа Џексон, Енцо Фернандез и Кол Палмер. Во последниот меч од терминот од 14.30 часот Тотенхем и Фулам одиграа без победник 1-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...