Јунајтед го освои „Енфилд“ во најголемото дерби на Англија (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го шокираше Ливерпул во големата дерби-пресметка од 8. коло на Премиерлигата, победувајќи на „Енфилд“ со 1-2.

Уште по 61 секунда, во првиот напад убава акција на Јунајтед и водство од 0-1. Дијало испрати добар пас меѓу задната линија на „црвените“, топката дојде од Мбуемо, >шутираше прекрасно и ја испрати топката низ нозете на голманот од Грузија.

Во продолжението, Ливерпул ја презеде иницијативата имаше и погодени еден дирек и греда, но не успеа да дојде до израмнување во првите 45 минути од мечот.

Но, „црвените“ успеаја да дојдат до возбудлива завршница. По огромна иницијатива промашени шанси пред се на Гакпо и Салах, на крај Гакпо израмни во 78.минута на асистенција на Киеза.

Но, кратко траеше радоста на домашните. Јунајтед во 84. минута дојде до 1-2 со голот на Хари Мегваер.

Рубин Аморим, првпат откако дојде на менаџерската позиција на клупата на „црвените ѓаволи“ дојде до две едноподруго победи. И тоа против најголемиот ривал Ливерпул на „Енфилд“.

Се вчитува...