Манчестер Јунајтед го совлада Челси на „Стемфорд бриџ“ со 0-2 и се пласира во четвртфиналето на ФА купот во Англија. Тимот на Оле Гунар Солскјер ја прекина негативната традиција и конечно ја урна бариерата з елиминација на Челси, по цели 20 години.
Андер Ерера во 31.минута успеа да ја затресе мрежата на Кепа Аризабалага, а пред самиот крај на првиот дел Пол Погба зголеми на 0-2. Челси не успеа да возврати во второто полувреме и доживеа непријатна елиминација, што уште посилно ја загрозува ситуацијата на менаџерот Маурицио Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА