Како што пренесуваат реномираните ЕСПН и Гардијан, раководството на Манчестер Јунајтед сака брзо да реагира и со неколку засилувања да го поддржи Мајкл Карик, кој е назначен за привремен тренер до крајот на сезоната.
Прво име на листата со желби е португалскиот репрезентативец Рубен Невес, искусен играч од средниот ред кој со години е на радарот на најголемите европски клубови.
Невес моментално игра за саудискиот Ал Хилал, каде што пристигна како едно од погласните засилувања, но се чини дека клубот е подготвен за преговори.
Изворите наведуваат дека саудискиот тим би бил отворен за трансфер вреден околу 20 милиони фунти, што Манчестер Јунајтед го гледа како поволна можност на пазарот.
Иако Карик штотуку ја презеде улогата на привремен тренер, раководството на клубот не сака да губи време и веќе планира потези за стабилизирање на тимот.
Средниот ред на Јунајтед често беше цел на критики оваа сезона, поради што доведувањето на сигурен и искусен играч се смета за приоритет.
Финансискиот аспект на трансферот, исто така, е во корист на англискиот гигант, со оглед на тоа што саудиските клубови често покажуваат флексибилност во преговорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

