Јунајтед го прави Де Хеа најплатен голман во светот

Манчестер Јунајтед му понудил нов и подобрен договор на Давид де Хеа во обидот да го задржи на „Олд Трафорд“. Договорот на голманот истекува за 12 месеци, а неколкуте обиди за продолжување беа неуспешни.

Неофицијалните информации велат дека Јунајтед понудил сума со која де Хеа ќе биде најплатен голман на светот. Тој и неговиот тим пак инсистирале, со оглед на значењето што го има за клубот, да биде меѓу најплатените на „Олд Трафорд“. Во преговорите постојано се споменувала платата на Алексис Санчез кој добива 390.000 фунти неделно.

Јунајтед се обидува да изработи продолжување на договорот со оглед дека ако измине претстојнава сезона, ќе мора да се раздели од еден од највредните фудбалери без отштета.

 

Се вчитува...