Шпанскиот фудбалер Хуан Мата (29) веројатно ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот на сезоната. На 29-годишниот фудбалер договорот со „црвените ѓаволи“ му истекува на крајот на оваа сезона, но и покрај опциите за продолжување на соработката за уште една сезона, на крај тоа нема да се случи.
Според англиските медиуми, Манчестер јунајтед ќе му дозволи на Мата да си замине на крајот од сезоната. Планот на челниците на клубот е со заминувањето на Мата да се ослободи платен простор за ангажман на Менсут Озил на кого исто така на крајот на сезоната му истекува договорот со Арсенал.
По завршувањето на договорот со Манчестер јунајтед, Мата најверојатно ќе се пресели во Италија. Интерес за неговите услуги веќе има од Интер од каде подготвено го чекаат развојот на настаните околу шпанскиот фудбалер.
Мата во Манчестер јунајтед дојде во 2014 година од ривалскиот Челси. Досега има одиграно 168 натпревари и постигнатот 39 гола за „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА