Кратко траеше престојот на Серхио Регуилон во Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ решија да ја активираат клаузулата за раскин на неговата позајмица од редовите на Тотенхем.
Шпанскиот лев бек пристигна на позајмица од „спарси“ до крајот на сезоната, но Јунајтед имаше опција зимава да ја прекине соработката. Регуилон настапи на вкупно 12 средби за „ѓаволите“ во сите натпреварувања, но не ги убеди Тен Хаг и членовите на стручниот штаб да ја продолжат соработката.
Јунајтед е елиминиран од европските натпреварувања и нема да има згуснат распоред во вториот дел од сезоната, па ако се знае дека од повредите се враќаат и Шо и Маласија, англискиот клуб со право смета дека нема потреба од трет лев бек во екипата.
Регуилон сега ќе се врати во Тотенхем, но не се исклучува можноста повторно да биде испратен на позајмица ако се знае дека Постекоглу не смета сериозно на овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА