Јунајтед Груп: Стабилен раст на профитабилноста и трансформација во текот на 2020 година и првиот квартал од 2021 година

Јунајтед Груп (United Group), во чии рамки во РС Македонија работи Тотал ТВ, ги објави деловните резултати за 2020 година и првиот квартал на 2021 година, по последната средба со инвеститорите одржана на 27 мај.Со оглед на тоа дека Јунајтед Груп забележа значителен развој од почетокот на 2020 година, водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа сподели информации за резултатите од спроведувањето на деловната стратегија.

2020 година. беше една од годините на најголемите трансформации во нашата историја и се чини дека 2021 година е подеднакво важна. Позитивните трендови на раст на приходите и EBITDA продолжија во текот на 2020 и 2021 година. Нашиот пат кон профитабилен раст беше поддржан од големи аквизиции што ни отворија нови пазари и кои обезбедуваат поддршка за продолженото лидерство на Јунајтед Груп во регионот кога станува збор за телекомуникациските и медиумските услуги. Гледаме значителни можности за раст на секој нов пазар, како и здрави синергии со остатокот од Групацијата.” рече извршниот директор на групацијата Јунајтед, Викторија Боклаг.

Влезот на Јунајтед Груп во Хрватска, Бугарија и Грција го зголеми вкупниот пазар на приближно 40 милиони луѓе со значителен раст на приходите од речиси 2 милијарди евра годишно. Бројот на претплатниците на крајот на првиот квартал од 2021 година е приближно 11 милиони, односно забележува раст од 120% во споредба со претходната година. Иако аквизициите придонесоа најмногу за растот на компанијата, Јунајтед Груп успешно го продолжи органскиот раст и покрај низа предизвици што ги носи пандемијата со Ковид-19, пред се преку Pay TV услугата, телефонија, мобилна телефонија и Интернет, како и повеќе други услуги.

 

Добра диверзификација на бизнисот

Јунајтед Груп има добро диверзифицирана деловна активност, со водечки позиции на пазарот во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Грција.

Во првиот квартал на 2021 година, Виваком во Бугарија оствари 29% од приходите на Групацијата, Телемах Словенија и Фортнет во Грција по 14%, СББ Србија 13%, Телемах Хрватска 10% и Телемах БХ и Телемах Црна Гора помалку од 5% од приходите. Компанијата на Јунајтед Груп, Јунајтед Медиа, генерира 13% од вкупниот приход на Групацијата во првиот квартал на 2021 година. Најголем придонес кон консолидираниот EBITDA во овој квартал дадоа VIVACOM (34%), SBB (17%), United Media (14%) и Telemach Словенија (13%).

 

Важни достигнувања

Јунајтед Груп оствари голем успех на секој од новите пазари во текот на изминатата година. Во првиот квартал од 2021 година, Групата ја ребрендираше Теле2 Хрватска во Телемах Хрватска и дефинираше нова деловна стратегија, заснована врз искуството по исклучително успешната интеграција на поранешниот словенечки Тушмобил, сега Телемах Словенија. Воведена е и првата хрватска оптичка мрежа од 10 гига. Во првиот квартал од 2021 година, Јунајтед Груп исто така претстави нова стратегија на VIVACOM во Бугарија со ново лого на VIVACOM и воведување на платформата ЕОН, една од најпопуларните телевизиски платформи во регионот и пакети на ЕОН со супер брз интернет. Групата исто така ја презеде најголемата бугарска медиумска компанија „Нова радиодифузна група” и весникот „Весник телеграф” за зајакнување на бизнисот на Јунајтед медиа.

На крајот на 2020 година, Телемах Словенија стана водечки интернет провајдер во таа земја, што ја прави една од само неколкуте алтернативни оператори во Европа што го надминаа поранешниот монопол на својот пазар. Компанијата исто така успешно го зголеми својот удел на пазарот во мобилните комуникации на околу 25%, со над 600.000 корисници. Позитивниот момент во растот на Јунајтед груп е поддржан од програма за одржлива инвестиција која е основа за понатамошен раст. Капиталните расходи за цела 2020 година се зголемија за 57,3% на 310,2 милиони евра и за 57,9% на 91,3 милиони евра во првиот квартал од 2021 година.

Групацијата продолжува да инвестира низ целиот регион, вклучително и инвестиции во фиксни и мобилни мрежи, како и во медиумите. Програмата од 500 милиони евра, објавена во март, за поддршка на воведување на нова генерација на оптички кабелски мрежи низ Југоисточна Европа, ќе им овозможи на милиони станбени и деловни корисници пристап до 10 гига услуги. Јунјтед Груп продолжува со воведување на 5G мобилни услуги во Југоисточна Европа, со аукции од 51,6 милиони евра за аквизиција на нови 5G фреквенции за Телемах Словенија и 2,3 милиони евра за Виваком Бугарија.

На крајот на 2020 година, Јунајтед Груп ја прошири својата деловна активност во е-трговија со лансирање на првата интегрирана онлајн и ТВ продавница Shoppster.com во Србија и Словенија. Преку оваа гринфилд инвестиција, Јунајтед Груп се обидува понатаму да го искористи својот уникатен телекомуникациски систем со нови извори на приход на овој брзорастечки и динамичен пазар.

Позитивните трендови продолжуваат низ целиот пазар. Ние сме многу оптимистични за иднината на компанијата и проактивно работиме на нови успеси, рече Боклаг.

  

Консолидирани финансиски извештаи за 2020 година и првиот квартал од 2021 година

 Приходите во 2020 година се зголемија за 56,5% и изнесуваат 1.161,3 милиони евра, додека приходите за првиот квартал од 2021 година се зголемија за 126,5% на 439,4 милиони евра. Годишните приходи на стекнатите компании (PF L2QA) во март 2021 година изнесуваат 1.928 милиони евра. Прилагодениот EBITDA се зголеми за 52,5% и изнесува 481,3 милиони евра во 2020 година, додека прилагодениот EBITDA во првиот квартал од 2021 година се зголеми за 111,8% и е 179,2 милиони евра. Слично на тоа, PF за аквизиции, прилагодена EBITDA на годишна основа (PF L2QA) во март 2021 година беше 763 милиони евра.

Капиталните расходи за инвестиции се зголемија за 57,3% или 310,2 милиони евра во 2020 година, додека капиталните расходи за првиот квартал од 2021 година се зголемија за 57,9% во износ од 91,3 милиони евра во првиот квартал од 2021 година. Ова резултираше во реализација на готовина од 171,1 милиони евра во 2020 година во споредба со 118,4 милиони евра во 2019 година и зголемување на 87,9 милиони евра во првиот квартал од 2021 година од 26,8 милиони евра во првиот квартал 2020 година

Детали за резултатите на компанијата се достапни на веб-страницата на Јунајтед Груп.

 Комерцијален текст

Се вчитува...