Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Арсенал се во трка за ангажман на играчот за врска на Саутемптон, Марио Лемина. Интернационалецот од Габон одработи две години од договорот со „светците“, но сега е решен да си замине и веќе му најавил на менаџерот Ралф Хасенхатл дека нема да патува со тимот на претсезонските тестови во Австрија.
Јунајтед нуди 25 милиони фунти за Лемина, а Арсенал се надева дека тој ќе му се придружи на колегата од репрезентацијата, Пјер – Емерик Обамејанг. „Топчиите“ засега нудат 5 милиони фунти помалку.
„Црвените ѓаволи“ го насочија вниманието кон Лемина откако ја загубија трката по Белгиецот Тилеманс, кој вчера потпиша за Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА