Јунајтед и Бормут приредија СПЕКТАКЛ со ОСУМ ГОЛОВИ на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Бормут одиграа фантастичен натпревар за крај на 16. коло во Премиерлигата кој заврши со реми од 4-4.

Голеадата на „Олд Трафорд“ започна во 13. минута од средбата кога мрежата ја затресе Диало, а предноста од 1-0 остана на семафорот до 40. минута кога Семенјо изедначи на 1-1. Сепак Манчестер Јунајтед беше оној кој замина на полувремето со предност со голот на Касемиро во четвртата минута од судиското продолжение.

Еванилсон донесе ново изедначување на самото отварање на второто полувреме, а во 52. минута Таверние се погрижи за целосен пресврт на гостите. Сепак радоста траеше само до 77. минута кога Фернандеш изедначи на 3-3.

Манчестер Јунајтед успеа и самиот да направи пресврт преку голот на Куња само две минути подоцна, но овој пат предноста траеше само до 84. минута кога Крупи донесе ново изедначување за 4-4.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...