Јунајтед и Челси во борба за голманот на Борусија Дортмунд

Според германските медиуми, Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел. Швајцарскиот репрезентативен голман оваа сезона е извонреден за „милионерите“ и го привлече вниманието на другите клубови.

Како што се се наведува, Челси и Манчестер Јунајтед летово се обидуваат да ја зголемат конкуренцијата на голманската позиција. 25-годишниот голман има договор со Борусија до 2026 година, но нема откупна клаузула. Тоа значи дека една богата понуда би го натерала Дортмунд во договор со Кобел да размисли и евентуално да го прифати трансферот.

Кобел професионалната кариера ја започна во Хофенхајм, а пред Дортмунд бранеше во Аугсбург и Штутгарт. Четири пати настапи за репрезентацијата на Швајцарија.

Се вчитува...