Јунајтед и Челси во последните секунди до победи за четвртфинале во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Челси со голови во последните минути од осминафиналните пресметки обезбедија место во четвртфиналето на ФА Купот.

Челси со голот на Галахер во 91. минута успеа да дојде до победа од 3-2 против Лидс на домашен терен, откако гостите најпрво со голот на Јозеф дојдоа до предност во 8. минута, но „сините“ успеаја со головите на Џексон и Мудрик уште пред полувремето да дојдат до предност од 2-1.

Сепак, во вториот дел Лидс израмни со вториот гол на Јозеф за да Галахер во финишот донесе победа за четвртфинале.

Во четвртфиналето се пласираше и Манчестер јунајтед, со голот на Кашемиро во 89. минута за триумф од 0-1 на гостувањето против Нотингем форест.

И Вулверхемптон ќе игра четвртфинале откако со 1-0, со голот на Лемина уште во 2. минута, го победи Брајтон.

Се вчитува...