Шеик Јасим бин Хамад ал Тани, синот на поранешниот премиер на Катар, Јасим бин Жабел Ал Тани, наскоро би можел да биде официјализиран како нов сопственик на Манчестер Јунајтед. „Скај“ пренесува дека Глејзер, конечно, се подготвени да го продадат Јунајтед по што цената на акциите порасна за 17%.
Јасим во битката за купување го победи британскиот милијардер Џими Ретклиф. Шеик Јасим требаше да плати 5 милијарди, но цнената поразна и истата ќе биде позната во следните неколку дена. Би требало целата зделка да чини околу 6 милијарди евра, по што ќе биде срушен светскиот рекорд.
Според проценките на стручњаците, со тоа ќе биде срушен светскиот рекорд, кој изнесува 4,5 милијарди евра колку што Волтон-Пенер група плати за НФЛ тимот Денвер Бронкос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

