Јунајтед и Лукаку влегоа во војна – Казнет бидејќи не присуствувал на тренинг на клубот

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а дека односот меѓу фудбалерот и клубот е лош покажува фактот дека тој наместо со англискиот гигант, тој тренираше со Андерлехт, тимот во кој ја почна кариерата.

 

Поради тоа Јунајтед одлучи да го казни Белгиецот, а висината на казната ќе биде дополнително објавена. Лукаку летниот период се поврзува со трансфер во Италија, а најголеми кандидати за неговиот потпис се Јувентус и Интер. „Нероаѕурите“ испратија нова понуда вредна 75 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...