Лаутаро Мартинез игра одлична сезона во дресот на Интер, па по одличните настапи во Серија А, ПСЖ и Манчестер Јунајтед одново се заинтересираа за неговиот потпис.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека двата клуба се во потрага по централен напаѓач и ја започнале битката за потписот на Лаутаро.
Аргентинецот одигра одличен меч против Барселона во Лигата на шампиони, па споменатите клубови веднаш го контактирале неговиот агент.
Лаутаро неодамна го продолжи договорот со Интер до 2026 година, па „нероаѕурите“ сигурно нема лесно да го пуштат.
ПСЖ и Јунајтед сепак веруваат дека поради економската ситуација Интер нема да може да одбие понуда од 100 милиони евра, а двата клуба се спремни да ја платат таа сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА