Премиерлигашите Манчестер јунајтед и Тотенхем ќе се сретнат во финалето на годинашното издание во Лигата на Европа.
И двата тима целата работа ја завршија уште на првите мечеви, а вечерва требаше сето тоа само рутински да го приведат до крајот.
„Црвените-ѓаволи“ по победата во Баскија минатата седмица вечерва славеа и на домашен терен со 4-1 против Атлетик Билбао. Гостите поведоа со 0-1 со евроголот на Микел Јаурегизар во 31. минута. Домаќините израмнија на 1-1 преку Мејсон Маунт во 72. минута. На 2-1 зголеми Касемиро во 80. минута. Расмус Хојлунд во 86. минута зголеми на 3-1, додека конечните 4-1 со својот втор гол вечерва ги постави Маунт во 91. минута.
[deleted by user]
by insoccer
Тотенхем по победата дома од 3-1, славеше и на гостувањето кај Бодо Глимт, овојпат со 0-2. Стрелци на головите за лондонскиот клуб беа Доминик Соланке и Педро Поро.
Финалето кое ќе се игра на „Сан Мамес“ во Билбао е закажно за 21. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

