Кристијан Пулишиќ и последното од низата фудбалски имиња кои ја отфрлија можноста за преселба во Манчестер Јунајтед откако американскиот репрезентативец самиот одби да се пресели на „Олд Трафорд“.
Јунајтед веќе извесно време се интересираше за екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд како освежување за навалната линија, Челси ја разгледуваше опцијата во размена за Пулишиќ да го добие Мегваер, но се падна во вода откако Пулишиќ јасно стави до знааење дека нема намера да се пресели во Манчестер. На Американецот не му пречи да ја грее клупата за резерви и покрај минималната минутажа во Челси, а пораката до „сините“ е повеќе од јасна – Манчестер не е во игра, а доколку постои опција за заминување во друг клуб, тоа мора да биде тим што ќе се натпреварува во Лигата на Шампионите.
Ерик тен Хаг е цврсто решен да доведе уште најмалку еден офанзивен фудбалер до крајот на преодниот рок, а по откажувањето на Пулишиќ како опции остануваат Ентони од Ајакс и Гакпо од ПСВ Ајндховен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

