Јунајтед има седум дена да најде начин да го купи Санчо

Борусија Дортмунд реши да ја скрати „сагата“ околу трансферот на Џејдон Санчо така што му постави ултиматум на Манчестер Јунајтед, пренесуваат германските медиуми. Цената која што ја поставил Дортмунд е 120 милиони евра, а на „црвените-ѓаволи“ им дал ултиматум до 10. август да одлучат дали се подготвени да ја платат сумата.

Санчо во Борусија стигна пред две години од редовите на Манчестер Сити за сума од 7,5 милиони евра. Во меѓувреме стана еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата и неговата сума енормно се зголеми и сега вреди над 100 милиони евра.

Преговорите на двата клуба за потписот на Санчо траат веќе неколку месеци, а дали ќе дојде до реализација на трансферот се очекува да видиме во наредниот период. „Црвените ѓаволи“ немаат намера да ја платат одеднаш целата сума, а можно е да биде постигнат договор тие да платат половина од отштетата веднаш, а остатокот да биде поделен на неколку годишни рати.

Се вчитува...