Јунајтед испушти победа во Сан Себастијан, Ренџерс со лекција за Фенербахче и Мурињо среде Истанбул (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ремизираше (1-1) на гостувањето против Реал Сосиедад во Сан Себастијан во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Зиркзе во 57. минута од средбата, но Реал Сосиедад успеа да израмни со погодокот на Ојарзабал во 70. минута.

Глазгов Ренџерс, пак, им одржа лекција на Фенербахче и Жозе Мурињо среде Истанбул и веќе е со една нога кон четвртфиналето од Лигата на Европа. Шкотите победија со 1-3 во Истанбул благодарение на головите на Дисерс, и двата погодоци на Черни, а Дјику беше стрелец на голот за домашните.

Аз Алкмар го победи Тотенхем со 1-0 благодарение на автоголот на Бергвал уште во 18. минута од средбата.

Блиску до четвртфинале е и Лион откако на гости со 1-3 славеше во дуелот со ФЦСБ.

Се вчитува...