Манчестер Јунајтед повторно ќе тргне на шопинг во Холандија, откако „црвените ѓаволи“ тргнаа во потрага по нов офанзивен фудбалер како замена за Кристијано Роналдо. Тренерот Тен Хаг е најдобро запознаен со условите во холандскиот фудбал, па фокусот повторно му беше насочен кон татковината, од каде на „Олд Трафорд“ ќе го доведе Коди Гакпо.
Овој играч блеска на светскиот шампионат во Катар, постигнувајќи по еден гол на првите две мундијалски средби на Катар. Иако најчесто во ПСВ Ајндховен настапува како лево крило, Гакпо е подеднакво опасен и како централен напаѓач, позиција на која Тен Хаг планира да го искористи во Јунајтед, по заминувањето на проблематичниот Кристијано Роналдо од клубот.
Гакпо минатото лето беше проценет на 35 милиони евра, но во меѓувреме неговата цена ја надмина границата од 50 милиони вра. Според британските медиуми, Јунајтед е подготвен да плати 60 милиони за веќе во јануари да го доведе во Манчестер, победувајќи ја конкуренцијата што ја сочуваат Челси и Ливерпул. Според истите извори, самиот фудбалер без размислување би се преселил на „Олд Трафорд“, но клучни сепак ќе бидаст преговорите со ПСВ, со оглед на фактот дека холандскиот клуб ќе инсистира на што повисока отштета ако веќе мора среде сезона да остане без својот најдобар фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

