Јунајтед извлече бод со Астон Вила, Челси не успеа да слави со Нотингем Форест (ВИДЕО)

Астон Вила и Манчестер јунајтед ремизираа без голови во 7. коло од Премиерлигата.

Јунајтед беше поблиску до погодок во второто полувреме, но Бруно Фернандеш во 68. минута од слободен удар ја погоди само гредата од голот на противникот.

Челси одигра без победник (1-1) на домашен терен со Нотингем Форест. Гостите поведоа со голот на Вуд во 50. минута, а Челси израмни со погодокот на Мадуеке во 57.минута.

Се вчитува...