Јунајтед ја прифати понудата – Антони е пред камбек во Бетис

Антони е на добар пат да се врати назад во Бетис откако шпанскиот клуб конечно постигна договор со Манчестер јунајтед за трансферот на бразилскиот крилен офанзивец.

Тој инсистираше на камбек во овој клуб откако блескаше при позајмицата во вториот дел од минатата сезона, поради што во изминатиот месец одби неколку понуди, јасно ставајќи до знаење каде сака да ја продолжи кариерата. Јунајтед долго инсистираше на отштета од 45 милиони евра, за на крајот да биде најдено „соломонско решение“.

Бетис ќе плати 25 милиони евра за Антони, но англискиот гигант ќе има и 50% од следниот транссфер на Бразилецот.

Останува само уште фудбалерот да ги договори личните услови, што не би требало да претставува никаков проблем, за овој трансфер да биде комплетиран во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...