Јунајтед ја реши дилемата: Тен Хаг дал зелено светло за трансфер на наследникот на отпишаниот Роналдо!

Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, веќе дал зелено светло на челниците да се активираат во зимскиот трансфер период, во кој „црвените ѓаволи“ ќе сторат сѐ за да го доведат Коди Гакпо од таборот на ПСВ.

Станува збор за офанзивен играч, кој беше желба на „ѓаволите“ и минатото лето и кој е единствениот европски фудбалер кој има „дабл-дабл“ учинок сезонава со двоцифрен број голови и асистенции.

Гакпо има само 22 години и холандскиот стратег на клупата на Јунајтед во него гледа долгорочно решение за офанзивниот дел од тимот, но и како идеална замена за Кристијано Роналдо, кој одамна не игра како што од него се очекува и кој речиси сигурно во јануари ќе си замине од „Олд Трафорд“.

 

Се вчитува...