Манчестер јунајтед ја доби битката за третото место со Астон Вила славејќи со 3-1 над тимот на Унаи Емери, по што „црвените ѓаволи“ сега се осамени на „котата 3“ на премиерлигашката табела.
Избраниците на Мајкл Карик покажаа повеќе на теренот, доминираа во однос на противникот и заслужено се радуваа на крајот. Кашемиро го постигна првиот гол по корнерот на Куња, гостите израмнија преку Баркли, но потоа следеше пеколен одговор на „црвените ѓаволи“. Куња беше стрелец на погодокот за 2-1 по одличната асистенција на Бруно Фернандеш, а конечните 3-1 ги постави „златната резерва“ Шешко.
Нотингем Форест во меч без многу шанси ремизираше на домашен терен против Фулам (0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

