Антони е вториот најскап фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед (зад Пол Погба), но поранешниот фудбалер на Ајакс без конкуренција е најпромашената инвестиција на сите времиња на гигантот од „Олд Трафорд“.
На сите им е јасно дека Јунајтед нема шанси да врати посериозен дел од вложените 86 милиони фунти што клубот ги плати на Ајакс пред две години, а новиот ко-сопственик Ретклиф веќе донел одлука – Антони да го напушти клубот во текот на јануарскиот преоден рок. Став на раководството е дека Бразилецот добил премногу шанси да ги покаже квалитетите, не искористил ниту една и веќе не треба да се гледа на него како на адут во екипата за остварување на позитивни резултати.
Цената на овој крилен офанзивец е одредена на 40 милиони фунти, повеќе од двојно пониска од она што Јунајтед го плати за да го доведе Бразилецот, но сепак е тешко да се поверува дека некој клуб ќе издвои такво богатство за играч кој настапува така катастрофално во последните две години.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да дискутираат и за позајмица, но со клаузула за откуп во текот на летото, се со цел што поскоро да се разделат од фудбалерот кој служи за потсмев во англиската фудбалска јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА