Јунајтед ќе го лови Покетино со 40 милиони фунти

МанчестерЈјунајтед сериозно ги разгледува опциите во случај на разделба со Жозе Мурињо. Иако познавачите тврдат дека Португалецот ќе го води клубот од „Олд Трафорд“ до крајот од сезоната, не е исклучено до разделба да дојде и порано со оглед на лошите резултати и турбиленциите на релација менаџер-играчи.

Според тврдењата на британските медиуми, Манчестер јуанјтед сака да го ангажира менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Но, Аргентинецот во 2016 веќе го одби Јунајтед, а не е тајна ниту дека за него е заинтересиран и Реал мадрид. Сепак од „театарот на соништата“ сметаат дека имаат начин да го привлечат Покетино. Тоа дефинитивно ќе биде значително голема финанска понуда, а Јунајтед ќе мора да понуди најмалку 40 милиони фунти.

Што се однесува до Мурињо, ако Јунајтед не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, клубот ќе ја активира клаузулта според која ќе треба да му исплати многу помала отштета во случај на отказ во јуни.

 

Се вчитува...