Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед одлучи автоматски да го продолжи договорот на Маркус Рашфорд за уште една дополнителна сезона. Клубот ќе ја искористи клаузулата во неговиот договор која вели дека едната страна може да ја продолжи соработката за уште една година, доколку Рашфорд е стандарден член на првиот тим.
Тој има актуелен договор до 30 јуни 2020 година, а Манчестер Јунајтед сака да го задржи уште долго во своите редови. Напаѓачот е цел на големите шпански клубови Реал Мадрид и Барселона, па логично е клубот од „Олд Трафорд“ да ја искористи оваа опција во договорот. Во меѓувреме, неговата неделна плата ќе биде двојно зголемена. Тој од следната сезона треба да заработува по 350.000 фунти седмично, што е еднакво на платата на Пол Погба, а помалку само од Алексис Санчез, кој најверојатно ќе замине од клубот.
Досега Маркус Рашфорд заработуваше 180.000 фунти неделно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА