Англсикиот гигант Манчестер Јунајтед, има намера во јануарскиот преоден рок да ангажира напаѓач, и покрај тоа што Расмус Хојлунд во моментов игра во голема форма. Меѓутоа тимот од Олд Трафорд, сака да ја зголеми конкуренцијата на таа позиција.
Затоа Јунајтед во јануари ќе тргне по првиот голгетер на Штутгарт, Серу Гираси кој сезонава има одличен почеток и од 15 гола на 10 натпревари.
Поранешниот играч на Рен, има ослободителна клаузула од 17,5 милиони евра, што не би било проблем да биде платена.
Јунајтед продолжува да бара засилувања во нападот, откако Рашфорд често е повреден, Марсијал е неконстантен, Санчо е веќе во аут од клубот, Ентони има проблем со законот. Само Хојлунд е во добра форма, но Јунајтед сака уште еден со оглед на збиениот распоред и напорната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

