Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш се согласил да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, дознаваат британските медиуми. Капитенот на „црвените ѓаволи“ се етаблира како клучен играч откако пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари 2020 година.
Фернандеш ќе потпише нов договор до 2027 година, а клубот ќе има опција за дополнително продолжување на соработката за уште 12 месеци. Актуелниот договор на Португалецот истекуваше во 2026 година.
Манчестер Јунајтед во 2020 му плати Спортинг 65 милиони евра како обештетување, а Бруно претходно настапуваше за Сампдорија, Удинезе, Новара и Боависта. Португалецот одигра 233 натпревари за ѓаволите, постигна 79 гола и забележа 66 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА