Јунајтед ќе му плаќа половина плата на Санчо само да замине во друг клуб

Конфликтот меѓу Ерик тен Хаг и Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед не е ниту блиску до конечна разврска. Крилниот фудбалер воопшто не тренира со остатокот од тимот, но холандскиот стратег верува дека проблемите што ги создаде Санчи се одразуваат врз останатите играчи, поради што инсистира тој што побрзо да биде продаден во текот на зимскиот преоден рок.

Проблем е што поради слабата форма во последните две години цената на Санчо драстично се намали, а фактот дека тој има загарантиран договор во Јунајтед за неделна плата од 300.000 само го отежнува неговото заминување од „Олд Трафорд“.

Челниците на Манчестер се свесни за овој проблем, поради што се подготвени и да го субвенционираат новиот клуб кој би сакал да го доведе Санчо во своите редови. Имено, „црвените ѓаволи“ се подготвени да преговараат за позајмица на екс-играчот на Борусија Дортмунд, на шест или на 18 месеци, со тоа што Јунајтед би покривал половина од оние загарантирани 150.000 фунти неделно на Санчо.

Борусија Дортмунд и Милан покажуваа интерес за овој фудбалер, се очекува во трката да се вклучат уште неколку екипи, па останува да се види како ќе течат разговорите за Санчо уште на почетокот од 2024 година да си замине од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...