Јунајтед ќе направи се да го доведе Мбеумо на „Олд трафорд“

Манчестер Јунајтед се насочи кон камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо, толку што по одбивањето на првата понуда од Брентфорд, тој подготви втора, значително подобрена.

„Црвените ѓаволи“ веќе потрошија над 78 милиони евра за Матеус Куња и Диего Леон. Но, немаат намера таму да го завршат преодниот рок.

Рубен Аморим е сериозно заинтересиран за Брајан Мбеумо. Јунајтед веќе достави втора понуда за најдобриот стрелец на Брентфорд минатата сезона. По одбивањето на 53 милиони евра со 11 милиони преку бонуси, од „Олд трафорд“ е испратена понуда од 70 милиони евра!

Сепак, Јунајтед не е единствениот претендент за неговиот потпис. За Мбеумо сериозно е заинтересиран и Тотенхем, кој летово го презеде тренерот на Брентфорд, Томас Франк.

Се вчитува...