Манчестер Јунајтед игра како препороден по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер, а задоволни се и раководните луѓе во клубот. И веќе планираат засилувања за следната сезона. На „Олд Трафорд“ би можел да пристигне капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн. За него Јунајтед е подготвен да плати 170 милиони фунти.
Напаѓачот на Тотенхем е трансферна цел и на Реал Мадрид, но Манчестер Јунајтед сериозно ќе му конкурира на „кралскиот клуб“ во намерата за ангажман на робусниот голгетер. Ромелу Лукаку постигна два гола во сензационалниот триумф (1-3) против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, но, сепак, Солскјер не би имал ништо против да го има Хари Кејн како адут во тимот од следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА