Манчестер Јунајтед по заминувањето на Рубен Аморим ќе добие привремен тренер до крајот на сезоната по што се очекува „вистински“ стратег да го превземе клубот на лето, некој кој може конечно да донесе стабилност на „Олд Трафорд“ по повеќе од една деценија.
Последен кој стабилно го предводеше англискиот гигант беше Сер Алекс Фергусон, легендарниот стратег кој со заминувањето од клубот во 2013 година ја донесе 13-тата титула.
Раководството на Манчестер Јунајтед не ја послуша легендата за изборот на негов наследник и со оглед на резултатите – погреши, но ова лето ќе биде лето на „откупување“ и конечно на „жешкото столче“ ќе седне миленикот на Фергусон, откриваат англиските медиуми.
Тоа ќе биде Маурицио Покетино, аргентинскиот стратег со богато искуство во Премиерлигата каде во минатото со успех ги предводеше Саутемптон, Тотенхем и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

