Манчестер јунајтед е тргнат во офанзива за ангажман на Алекс Сандро, а Жозе Мурињо сака да го комплетира трансферот пред почетокот на СП во Русија. Челси исто така сака да го види бразилскиот лев бек во своите редови, „сините“ минатото лето не успеаја во својата намера да го ангажираат Сандро, но „ѓаволите“ се оптимисти дека ќе успеат да го украдат и овој фудбалер пред носот на големиот ривал, како што лани сторија со Ромелу Лукаку.
Бразилецот и минатото лето бараше да му биде дозволено да ги смени клупските бои, тогаш Јувентус не даде зелено светло за трансфер, но Алекс Сандро сега повторно ќе се обиде да издејствува заминување. Како што објавија британските медиуми, тој веќе побарал од „старата дама“ што поскоро да ја разгледа понудата, која би можела да ја надмине онаа од 52 милиони фунти што Манчестер сити ја плати на Монако за Бенџамин Менди.
Жозе Мурињо би вратил дел од парите со продажбата на Лук Шо, кој летово дефинитивно ќе си замине од „Олд трафорд“. Претходно Јунајтед покажуваше сериозен интерес и за Дени Роуз од Тотенхем, но Мурињо го промени ставот откако Роуз имаше голем пад во формата, а „спарси“ остануваат на своите барања од 50 милиони фунти за овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА