Јунајтед крена бело знаменце: Роналдо може да го напушти клубот за само 17.500.000 евра – Челси е прва опција!?

Тимот на Манчестер јунајтед крена бело знаменце откако дозволи Кристиjано Роналдо да бара нов клуб. Португалецот најверојатно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“, бидејќи раководството на клубот одлучило дека нема да го држи со сила во своите редови.

Досегашниот став на Јунајтед беше дека нема да го продаваат Роналдо кој има уште 12 месеци од договорот, бидејќи Ерик тен Хаг го планира како еден од клучните играчи за претстојната сезона.

Сепак, Португалецот е одлучен во намерата да ја промени средината бидејќи сака да настапува во Лигата на шампиони. Поради тоа тој одбил да ги започне подготовките со Јунајтед и одбива да има средба со новиот тренер Тен Хаг. Челниците на клубот веќе ја одредиле и цената за Роналдо, Португалецот може да го напушти клубот за само 17.500.000 евра!

Во моментов се шпекулира дека Челси е најсериозен кандидат за потписот на португалската легенда, но овде се спомнуваат Барселона и Баерн Минхен, клубови на кои агентот веќе ги понудил услугите на Роналдо, но во моментов нема конкретни преговори.

Се вчитува...