Манчестер јунајтед на Жозе Мурињо му го исплати обесштетувањето од 16.5 милиони евра со што Португалецот е и официјално отпуштен и слободен за нов ангажман, информираат британските медиуми.
„Не постои никаков проблем со договорот на Жозе Мурињо со Манчестер јунајтед. Жозе е подготвен да преземе некој друг клуб во истиот момент, но тој не брза никаде. Отпуштен е и подготвен да чека до крајиот на сезоната ако биде потребно“ – пренесува „Дејли мејл“.
Португалецот ја напушти клупата на Манчестер јунајтед на 18 декември поради очајните резултати на стартот од сезоната.
Муртињо го бараат неколку европски гиганти, но за „специјалниот“ има и богати не-европски понуди. Според неговите афинитети и амбиции најреална опција е дека тој наскоро одново ќе го преземе кормилото во Реал Мадрид.
А додека ги разгледува понудите, Мурињо овој месец ќе биде ангажиран како стручен коментатор во Катар за време на Азиските игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА