Манчестер Јунајтед сака да го задржи во своите редови Пол Погба и покрај шпекулациите од медиумите како Французинот иднината ја гледа надвор од „Олд трафорд“.
Јунајтед ќе му понуди нов договор на Погба со кој ќе стане најскапоплатениот фудбалер во историјата на клубот. Во моментов тој е изедначен со Давид де Хеа и нивната годишна плата изнесува 16 милиони евра.
Моменталниот договор на Погба истекува во 2021 година, но од Манчестер не сакаат следното лето повторно да имаат проблеми и сакаат што е можно побрзо да потишат нов договор со Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА