Јунајтед му подготвува отказ на Де Геа

Манчестер Јунајтед во следната сезона можеби ќе остане без голманот Давид Де Геа. Шпанскиот чувар на мрежата сезонава имаше неколку киксови кои го чинеа Јунајтед пред се пораз во Лигата на Европа, а пред неколку дена неговиот кикс придонесе за пораз од Вест Хем, со што ја искомплицира битката за пласман на местата кои носат во Лигата на шампионите идната сезона.

На Ерик тен Хаг новодно му дошло преку глава да ги трпи грешките на Шпанецот, па планира да донесе негова замена, и да му се заблагодари на досегашната соработка.

Според информациите од Англија, Тен Хаг најпрво ќе се обиде со голманот на Интер, Андре Онана. Онана му е добро познат на Тен Хаг затоа што работеше со него во Ајакс. Камерунскиот голман оваа сезона е импресивен, особено во Лигата на шампионите, и еден од заслужните што тимот може да стигне до финалето во ЛШ.

Ако не успее со Онана, тогаш Тен Хаг ќе тргне по услугите на Џордан Пикфорд од Евертон. Иако го продолжи договорот со тимот од синиот дел на Ливерпул, сепак, добра понуда за него може да биде прифатена од страна на Евертон.

Се вчитува...