Иако Манчестер јунајтед не успеваше да ја заврши сезоната меѓу првите четири екипи во Премиер лигата во последите две години, токму гигантот од „Олд трафорд“ го има епитетот – најбогат клуб во светот. Клубот од Манчестер вреди 3 милијарди евра, зад него се шпанските гиганти Реал Мадрид (2,85 милијарди) и Барселона(2,65 милијарди).
Доминацијата во најелитното европско натпреварување не е доволна за Реал и Барса, остануваат повторно зад Јунајтед, кој пак е првиот клуб што ја достигнал бројката од 3 милијарди евра, и покрај долгот на сопствениците од скоро 500 милиони евра. Германскиот шампион Баерн Минхен е четврти на табелата со вредност од 2,3 милијарди евра, а топ 5 листата ја комплетира Манчестер сити со вредност од 1,9 милијарди евра.
Дури шест англиски клубови се на првите 10 позиции, Арсенал на шестото место, новиот англиски првак Челси е седми, Ливерпул осми, а Тотенхем се најде на десеттото место. Меѓу нив е Јувентус како единствен италијански претставник меѓу топ 10 клубовите.
Минатогодишниот шампион на Англија, Лестер сити е на 17. место на листата, веднаш до него се најде Евертон, шсто значи дека во 20. најбогати екипи во светот, осум се од Премиер – лигата.
Овој тренд ќе продолжи и во иднина, со поголеми заработки од ТВ правата, бидејќи преносот е откупен до 2019 година во рекорден број на земји во Азија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА