Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти следните три натпревари на Манчестер јунајтед како резултат на суспензијата што ќе му биде изречена за дуелот со Тајрон Мингс во финишот од првото полувреме на мечот со Бурнемаут.
Дисциплинската Комисија при ФА вчера покрена постапка против Ибракадабра, а раководството на „црвените ѓаволи“ имаше рок до денеска да поднесе жалба на истата. Откако Јунајтед не го стори тоа, целата ситуација согласно правилата се оценува како прифаќање на вината, што само по себе значи автоматска суспензија од три натпревари поради насилничко однесување на теренот.
Ова значи дека Ибрахимовиќ ќе го пропушти следното четвртфинале од ФА Купот против Челси, како и наредните премиерлигашки дуели што неговиот тим ќе ги игра со Мидлсброу и со ВБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА