Манчестер јунајтед за новата сезона ќе се обиде да обезбеди фудбалер кој ја игра позицијата на Керик, односно деструктивец. На радарот и прва мета е Ерик Даер, играчот на Тотенхем, кој по своето доаѓање од Спортинг Лисабон е стандарден првотимец кај Покетино. Даер може да биде првото засилување на тимот од „Олд Трафорд“, иако во текот на сезоната континуирано се шпекулираат други засилувања, како Гризман, Мбапе, Лукаку.23-годишниот среде играч поседува атрибути кои Мурињо без малку ги обожава, а во тимот би имал улога како Матиќ во Челси.
Јунајтед има доста проблеми во средниот ред. Играат Погба и Ерера, двајца креативци кои наместо да бидат корисни во нападот, имаат и повеќе дефанзивни задачи, токму поради недостатокот на играч како Даер. Керик полека се повлекува, а овој млад Англичанец е идеална негова замена. Даер може да игра и како стопер, па ќе му биде од корист на португалскиот стратег доколку се соочува со повреди во одбраната.
Се очекува Тотенхем да ја прифати понудата од 40 милиони фунти, но менаџерот Покетино не сака да го продаде овој играч, кој му е незаменлив веќе две сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА