Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед обезбеди учество во ЛШ следната сезона со освојувањето на Лига Европа, па сега ќе тргне во сериозен шопинг за засилување на својот тим. Менаџерот Жозе Мурињо најави дека веќе два месеци неговиот список со потенцијални засилувања е кај Ед Вудворд, а на него сигурно се наоѓа и хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Португалецот лично ги следеше неговите игри минатата сезона, планирајќи да го доведе на „Олд трафорд“.
Раководството на Манчестер јунајтед веќе го направи првиот потег и испрати понуда вредна 45 милиони евра за Иван Перишиќ. Но, Интер бара 10 милиони повеќе и планира парите добиени од него да ги вложи во Анхел Ди Марија, крилниот играч на Пари Сен Жермен.
Јунајтед веќе ги има договорено и личните услови на Перишиќ. Тој би потпишал четиригодишен договор со клубот од „Олд трафорд“ и би заработувал 7 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА