Јунајтед остана без уште еден напаѓач пред дербито со Челси

Манчестер Јунајтед ќе биде дополнително ослабен за утрешното дерби со Челси откако беше обелоденето дека Антони Марсијал ја загубил трката со времето и нема да може да настапи на овој натпревар.

Ерик Тен Хаг донесе одлука да го казни Кристијано Роналдо отстранувајќи го од тимот по инцидентот против Тотенхем, но холандскиот стратег се надеваше дека Марсијал би можел да се врати за дуелот на „Стемфорд бриџ“. Сепак, лекарскиот тим на Јунајтед денеска ја потврди лошата вест.

„Марсијал денеска тренираше со тимот, но ризикот од нова повреда е преголем. Затоа, тој дефинитивно отпаѓа за дуелот со Челси“, соопшти Тен Хаг на денешната прес-конференција.

Во една таква ситуација, јасно е дека Јунајтд против Челси ќе истрча со триото Ентони – Санчо – Рашфорд во стартните единаесетмина.

Се вчитува...