Манчестер јунајтед морал да му искешира на Жозе Мурињо повеќе од 25 милиони евра за отказот на крајот од минатата година.
Презентирајќи го финансискиот извештај за последниот квартал од минатата година, Јунајтед откри колку ги чинел отказ на Мурињо. Отштетата ја поделиле и неговите помошници Силвини Лоуро, Карлос Лалин, Стефано Рапети, скаутот Рикардо Формосињо и аналитичарот Џовани Чера.
„Вкупната ставка за отштета е 25,1 милиони евра, а се однесува за менаџерот и за членовите на неговиот тим поради губење на работните позиции“ – се вели во извештајот на Манчестер јунајтед.
Мурињо го наследи Оле Гунар Солксјер кој веднаш донесе свежина во играта на тимот. На чело со Солксјер тимот победи во десет од 12 натпревари, а Јунајтед стигна и до четвртата позиција во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА