Младата англиска фудбалска ѕвезда Џејдон Санчо го „збудале“ и Оле Гунар Солскјер. Тој даде ’зелено светло’ за трансферот што треба да се случи во летниот преоден рок, Санчо да пристигне на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони фунти за да го врати талентираниот фудбалер на Островот.
Претходно, Џејдон Санчо беше член на Манчестер Сити, но не можеше да се избори за место во тимот крај жестоката конкуренција. На неговата позиција делуваат Лирој Сане, Рахим Стерлинг, Ријад Махрез и Бернардо Силва. Токму затоа Џејдон Санчо замина во Борусија Дортмунд и таму блесна во полн сјај. Доколку Санчо си замине од Дортмунд, „граѓаните“ од Манчестер ќе добијат 15% од вредноста на тој трансфер.
Во германскиот бундеслигаш, Санчо постигна осум гола и реализираше 13 асистенции во вкупно 29 настапи за Борусија Дортмунд во сите конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА