Јунајтед подготви 90 милиони евра, Лајпциг трие раце

Манчестер јунајтед има уште една разочарувачка сезона, ситуацијата не се промени ниту по заминувањето на Аморим откако „црвените ѓаволи“ одиграа само 2-2 на гостувањето против Барнли. Управата не го менува рецептот иако истиот не дава резултат, па англискиот гигант е подготвен повторно да тргне во шопинг. И тоа повторно во Лајпциг, иако мегатрансферот на Шешко од минатото лето воопшто не даде резултат.

Јунајтед потроши 230 милиони евра на нови засилувања во летниот преоден рок, а сега се подготвени уште 90 милиони евра за еден нов фудбалер. Откако ја загубија трката по Семењо од градските ривали, „црвените ѓаволи“ своето внимание целосно го насочија кон Јан Диоманде, 19-годишниот крилен офанзивец на Лајпциг кој воедно е и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.

Диоманде испиша историја како најмлад играч што постигнал хет-трик во Бундес-лигата, тој досега има седум гола и четири асистенции на 16 меча за Лајпциг сезонава, со што го привлече вниманието на гигантите ширум Европа.

Вредноста на новиот „бисер“ на Лајпциг според „Трансфермаркт“ изнесува 45 милиони евра, а Манчестер Јунајтед е подготвен да плати двојно повеќе само за да го осигура потписот на Диоманде во овој преоден рок.

Се вчитува...